Соопштение

09 август 2022

Во врска со појавени шпекулации во јавноста за нови взаемни документи меѓу Северна Македонија и Бугарија, дозволете да информираме дека Министерството за надворешни работи со внимание го следи процесот на формирање на Службената Влада на Република Бугарија и развојот на внатрешните и надворешните политики, при што охрабрува значајниот фокус што се придава на нашите билатерални односи како важен елемент и на новата Влада.

Сите појавени информации за внатрешната поставеност, за начинот на организација, акциските планови и приоритетите на новата Влада се внатрешна работа на Република Бугарија, и тие не претставуваат резултат од меѓусебните разговори.

 

Оттука сакаме да ги отфрлиме сите наводи дека се подготвуваат нови обврски за двете држави надвор од договорените принципи во меѓусебниот Протокол кои значат: прво реципроцитет во рамките на преземените обврски; како и автономија на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања.