КОМЕМОРАЦИЈА ЗА ПОРАНЕШНАТА МНР ИЛИНКА МИТРЕВА

17 август 2022

Денеска во Министерството за надворешни работи се одржа комеморација по повод смртта на поранешната министерка за надворешни работи, Илинка Митрева. 

Настанот почна со минута молчење, во знак на последна почит кон досега единствената жена- шефица на дипломатијата на Република Северна Македонија.

Во присуство на членови на нејзиното семејство, поранешни функционери, министри за надворешни работи и други нејзини соработници, членови на Амбасадорскиот совет, дипломати и медиуми се обратија министерот за надворешни работи, Бујар Османи како и Санта Аргирова, тогашен шеф на Кабинет на министерката Митрева, за потсетување на успешното дело на почитуваната Министерка.

Настанот, преку видео врска го следеа дипломатско-конзуларните претставништва на замјава.